Железницата ќе добие 150 нови товарни вагони

Bez autora
Dec 19 2013

Компанијата „Македонски железници - Транспорт“ ги зајакнува капацитетите за превоз на стока со 150 товарни вагони. Договорот за набавка на вагоните го потпишаа вчера директорите на МЖ „Транспорт“ Оливер Дерковски и на словачката компанија „ЖОС Трнава“ Владимир Пор во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Со набавката во вредност од 13 милиони евра МЖ „Транспорт“ ќе добие 75 отворени вагони и исто толку плато-вагони. Отворените вагони се наменети за превоз на растресита стока како руда и јаглен, додека плато-вагоните се од современ тип за превоз на контејнери и производи од метална индустрија.

Железницата ќе добие 150 нови товарни вагониКомпанијата „Македонски железници - Транспорт“ ги зајакнува капацитетите за превоз на стока со 150 товарни вагони. Договорот за набавка на вагоните го потпишаа вчера директорите на МЖ „Транспорт“ Оливер Дерковски и на словачката компанија „ЖОС Трнава“ Владимир Пор во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Со набавката во вредност од 13 милиони евра МЖ „Транспорт“ ќе добие 75 отворени вагони и исто толку плато-вагони. Отворените вагони се наменети за превоз на растресита стока како руда и јаглен, додека плато-вагоните се од современ тип за превоз на контејнери и производи од метална индустрија.

Во согласност со предвидената динамика во тендерската документација за набавката, првата пратка од 10 вагони треба да пристигне за 40 недели од почнувањето на важноста на договорот, по што следи динамика на испорака на секои четири недели за преостанатите вагони. Испораката на сите 150 товарни вагони се очекува да заврши за 52 недели.

Покрај овој договор, во тек е набавка и на шест нови железнички гарнитури за патнички превоз, за што се очекува во јануари да заврши евалуацијата и на финансиските понуди.

- Со оглед дека за набавката на товарните вагони биле предвидени 15 милиони евра, но е избрана понуда со понизок износ, со преостанатите пари ќе се изврши набавка на уште 20 вагони - рече директорот Деркоски.

МЖ „Транспорт“ располага со вкупно 950 товарни вагони во возна состојба, а двата типа вагони што сега се набавуваат, според Деркоски, се едни од најискористуваните, особено отворениот со кој се носат растресити стоки.

Според министерот Јанакиески, 2014 ќе биде година на инвестиции во патниот и во железничкиот сектор. Покрај обновата на возниот парк, до крајот на годината ќе се склучи договор и за почеток на изградба на првата делница за пругата кон Бугарија.

- Во тек е и постапката за избор на градежна компанија за реконструкција на железничката станица во Скопје, а веќе се предадени и проектите за рехабилитација на уште десет железнички станици. Се планира и објава на повик и склучување договор за изградба на пругата Битола Kременица - наведе Јанакиески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik